Како да го прочитате "Хари Потер" за 77 минути?

Бавноста на стандардното читање се должи на непотребниот пат кој го минуваат очите. Постои техника која гарантира дека ќе прочитате куп материјал кога ќе успеете движењето на окото да го сведете речиси на нула. А ние ќе ве потсетиме и на Вуди Ален.  

Шприц е компанија која развива техники за брзо читање. Велат дека со усвојување на нивните методи може да се прочита цела страница (на хартија или таблет, сеедно) за таман толку време колку што е потребно да се сврти следната страница.

Основа на нивниот концепт е дека времето во стандардното читање се губи заради целиот залуден пат кој го минува окото. Кога времето нема да се троши на залудните движења, истото му останува на човека ментално да ги процесира прочитаните зборови.  

Обидете се и сами:

Ова е текст кој оди со 250 зборови во минута:

 

Сега истиот текст со брзина од 350 зборови во минута:

 

А сега со 500:

Читач со ниво на колеџ чита меѓу 200 и 400 зборови во минута. Ако успеете да го совладате Шприц со 1.000 зборови во минута, ќе ви бидат потребни само 77 минути да ја прочитате првата книга за Хари Потер (233 страни во оригиналната верзија).

На компанискиот блог се вели дека клучен фактор е сместувањето на зборот. Секој збор не е сместен во центарот на рамката туку онаму каде што е тоа оптимално за да го поштедите окото од движења.

Завршив курс за брзо читање. Успeав да ја прочитам "Војна и мир" за 20 минути. Се раскажува за Русија. - Вуди Ален.

 

1 март 2014 - 14:10