веб класици:

Искрено CV

Немојте да ме гушите со тестирања и слични HR будалаштини. Ако веќе се просеравате со западњачки фори, тогаш понудите и западњачка плата и услови за работење.

Комплетно не сум подготвен за работа под притисок, како и прекувремена работа, освен ако за тоа не сум дебело платен. Искрено ме заболе за целите на вашата компанија, ако со мојата плата не можам да ги покријам сите тековни трошоци, плус да ми остане малку за гардероба, книги, патувања, излегувања, спорт и општо зезање.

Функционирам на принципот колку пари, толку музика. Исто така, совршено не ме интересира тоа што сте во минус и очекувам дека сите ваши законски обврски ќе ги завршите на време и дека ќе ги испочитувате сите празници, како и годишниот одмор.

Бидете сигурни дека ќе ве напуштам, во првата прилика штом најдам нешто подобро.

Се надевам дека канцеларијата не почнува со работа пред девет, бидејќи многу тешко се будам. Работниот ден го почнувам со голема шолја добро црно кафе, кое очекувам постојано да го имам на располагање, како и резерви на нес и млеко, кои ќе ми бидат потребни некаде околу пладне.

Најдоцна до еден на пладне има ужасно да се уморам па би ми одговарал еднo музичкo интермецо за да можам истовремено да поиграм малку и да ги размрдам укочените мускули.

Комуникативен сум со пријатен и љубезен свет, за дркаџии имам краток фитиљ. Пцујам на неколку светски јазици, но сериозна преписка и разговор можам да имам само на мајчин јазик и на англиски, и не се просеравајте со мултинационалноста на компанијата, бидејќи и тоа што ви го давам е многу. 

Тоа што одвреме навреме, ќе направите некоја зделка со Србија, Босна, Бугарија или Албанија не ве прави сериозна мултинационална компанија.

Студирав 100 години и сметам дека е успех што воопшто завршив било што во земја каква што е оваа. Постојано се усовршувам и без вас, бидејќи сум љубошпитен и мислам дека животот има смисла и без умирање на работа. Често ми се случува во работно време да паднам во таканаречен "Daydreaming," па ве молам да не ме прекинувате нагло, бидејќи може да сум сред некоја генијална идеја.

Реагирам само на позитивна стимулација. Немојте да ме гушите со тестирања и слични HR будалаштини. Ако веќе се просеравате со западњачки фори, тогаш понудите и западњачка плата и услови за работење.

Тоа што сте биле на два- три семинари, не ве прави образувана личност. Што не знам, ќе научам, не сум дебил. И да, постојат работи во животот кои би ги правел од чист ентузијазам, за жал морам да ви соопштам дека работата која ја нудите, не е една од тие.

Искрено ваш,
Секој кандидат што некогаш аплицирал

2 јануари 2017 - 10:57