30 причини зошто 2016 беше одлична година

Британец на кој му е збогтисано да ги гледа сите другари како кукаат за 2016, прави рецензија на годинава, да не заборавиме дека не било сè така црно.

Точно, кој го ебе, преку глава ми е од "боже колку ужасна беше 2016", еве некои фантастични работи што се случија. Среќни ебани празни.

- Сега има вакцина за ебола.

- Смртноста на децата е во постојан пад низ цел свет.

- 9% поголема стапката на преживување кај пациентите со рак на панкреас.

- Откриен генот одговорен за АЛС.

- Волонтери во Индија посадија 50 милиони дрвја во рок од 24 часа.

- Стапката на самоубиства е падната на глобално ниво.

- Озонската обвивка почна да се поправа самата себе.

- Собранието на рабини објави резолуција која ги потврдува правата на транс индивидуалците.

- РОБОТСКИ РАЦЕ КОНТРОЛИРАНИ СО УМ.

- Лео го доби Оскарот.

- Бројот на диви тигри порасна ЗА ПРВ ПАТ ВО 100 ГОДИНИ.

- Џиновските панди - не се веќе загрозени.

- Соларен авион сврте круг околу светот.

- Глобално маларијата е намалена за 60%.

- Сипаниците се искоренети низ Америките.

- 93% од децата во светот научија да пишуваат и читаат - што е највисок процент во ЧОВЕЧКАТА ИСТОРИЈА.

- Кина планира до 2020 комплетно да е префрлена на обновливи извори, а глобалниот план и е до 2050.

- Огромен глобален јуриш на обновливата енергија.

- Норвешка вети 0 сечење на шуми, 0.

- Секој голем ланец супермаркети и ресторани за брза храна во САД ветија дека до 2025 ќе користат само јајца што не доаѓаат од кафези.

- Морски крави - веќе не се загрозени животни.

- Дивите волци се вратија во Европа.

- Дивиот лосос почна да се мрести во реката Конектикат што е прв пат од Американската револуција.

- Колумбискиот белоопашест елен - повеќе не е загорзен вид.

- Зелените морски желки - ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ЕБАНО ЗАГРОЗЕНИ.

- Си ворлд веќе не размножува китови убијци.

- Грбавите китови - ВЕЌЕ НЕ СЕ ЗАГРОЗЕНИ.

- Глобалната хуманитарна помош - пораснала за 7%.

- Америка ја има најдарежливата година во добротворна помош на сите времиња

- Кина ја има најдарежливата година во добротворна помош на сите времиња во износ од 15 милијарди долари.

Да некои славни луѓе што ви се допаѓаа умре, и знаеш што - уште повеќе од нив ќе заминат ама одвојте малку време за да го видите доброто и убавините во светот, и добри срања се случуваат, дознајте ги, поддржете ги, и бидете дел од нив.

 

30 декември 2016 - 14:28