Како се трола феминистка

Дечкото ја извади од штикли соговорничката со пар мачо бабури од типот "жените заработуваат помалку зашто се понеамбициозни, жена сака дома да седи, ти треба дома да седиш". А таа една озбилна па накострешена па не ѝ се верува што слуша. А требала само пред емисија малку да гугла со кога оди на тв дебата.

Дечкото се вика Гавин МкКинес, канадски комичар, актер, писател и ко-основач на Вајс медиа.

- Њујорк прес ги шокираше со изјавите дека му е драго што хипстерите како него се белци.

- Во 2009-та прелажа новинар на Вилиџ воис дека бил нокаутиран од ММА борец пуштајќи му снимка од неуспешна тв пилот емисија.

- Во 2010-та прелажа новинар на Gawker дека изел чинија житарици натопени во урина затоа што не победил во натпреварот "Хипстер на годината".

- Има лажирано сообраќајка, има напишано книга "Како да мочаш на јавни места", има расипувано панел дебати со намерно контроверзни ставови а оваа финта дека феминизмот ги има унесреќено жените ја има правено уште пред години.

Тоа што се оперирани од хумор стварно ќе ги упропасти феминистките.

16 март 2016 - 09:36