Полска за 100 милиони купи уметнички слики вредни 2 милијарди евра

Полското министерство за култура плати 100 милиони евра за една од најважните приватни уметнички колекции во светот, која вклучува слики од Ребрант, Реноар и Да Винчи.

Станува збор за колекцијата на семејството Чарториски (едно од полските благородни семејства), која беше пренесена од фондацијата Чарториски на име на владата на Полска. За ова фондацијата мораше да го измени својот статут кој забрануваше секакво префрлање на колекцијата на туѓо име. Полската влада нема право да вади кој било дел од колекцијата вон Полска, ниту пак да ја препродава. Целиот управен одбор на фондацијата бил против договорот, заради што по неговото склучување тие си поднесуваат оставка.

Колекцијата е составена од над 300.000 парчиња уметнички дела и историски записи кои семејството ги собирало со цел да се зачува полската култура и историја. Работењето на колекцијата започнува во 1801 по барање на принцезата Изабел Чарториски, во време кога Полска е под големо влијание од Австрија, Прусија и Русија.

Најскапо парче во колекцијата е "Дамата со хермелин" на Да Винчи. Според Блумберг за колекцијата вредна над 2 милијарди евра полската влада платила само 100 милиони евра. Ваквата разлика во цена министерот за култура ја објаснува дека целата зделка всушност е донација од Карог Чарториски (првиот човек на семејството).

30 декември 2016 - 10:50