Ќе остане ли Бејли без обезбедување?

Тројца влијателни американски сенатори буткаат закон со кој на американските амбасади ширум во светот драконски би им се намалиле буџетите за обезбедување и одржување сè додека амбасадата на САД во Израел не се префрли во Ерусалим.

Марко Рубио, Тед Круз и Дин Хелер се закануваат со закон кој би имал сериозни и опасни консеквенци за дипломатските претставништва на САД. Веднаш би се преполовиле нивните буџети за обезбедување и одржување а во фискалната 2018/19 тие комплетно би се укинале.

Со ова сакаат да го изнудат потегот кој еврејското лоби одамна го очекува; дислоцирање на  американската амбасада во Израел, од Тел Авив во Ерусалим.

Таква одлука Конгресот има донесено уште во 1995 година но и Џорџ Буш и Клинтон и Обама, иако во своите кампањи ветуваа дека ќе го реализираат решението, се пишманеа штом ќе дојде на власт, повикувајќи се на одредба која им го овозможува одложувањето ако се работи за загрозеност на национални интереси.

Префрлување на амбасадата во Ерусалим би значела силна политичка и симболична поддршка на официјалната политика на Израел која сака Ерусалим да го претстави како целосна престолнина на државата наспроти Палестинците кои полагаат надежи на ингеренциии врз неговиот источен дел.

5 јануари 2017 - 16:26