ФБИ никогаш не ги проверил хакнатите компјутери на Демократите

Од Демократскиот национален комитет потврдиле дека ФБИ не ни припариле до нивните хакнати серверите пред да го објави извештајот за инцидентот во кој за упадот обвинија хакери поврзани со руските власти.

Портпаролот на Демократите изјавил дека шест месеци откако ФБИ прв пат спомна дека го истражува нивното хакирање, Бирото се уште нема побарано пристап хакнатите сервери. Други разузнавачки извори за Базфид изјавуваат дека ниту една владина агенција нема спроведено независна анализа на хакнатиот систем.

Наместо ова заклучокот на ФБИ се базира на извештајот од истрагата на компјутерските форензичари од компанијата Краудстрајк, кои во мај минатата година објавија дека хакери поддржани од руската влада имаат упаднато во серверите на Демократите.

Истите овие анонимни извори што зборуваат за Базфид, сметаат дека Русите го извршиле нападот и го оправдуваат ФБИ објаснувајќи "Краудстрајк се прилично добри, нема причина зошто да помислиш дека што и да имаат заклучено не било точно".

Базфид зборуваат и со три компании за компјутерска безбедност кои објаснуваат дека е стандардно за бирото да само да спроведува форензичарски истраги во случаи со хакирање.

По објавувањето на извештајот на ФБИ, Обама одлучи да протера 35 руски дипломати од САД, да ги засили санкциите против Русија, и да го забрани пристапот до два руски дипломатски објекти во САД.

 

6 јануари 2017 - 15:38