233.000 долари, трошокот да израснеш дете во САД

Просечниот трошок од речиси четвртина милион долари се пресметува од раѓање додека детето да наполни 17 години, и тој е зголемен за 3% во однос на 2014.

Сумата е од редовниот извештај на американското министерство за земјоделие (со прави од 1960) и опфаќа седум категории од транспорт до облекување, меѓутоа во него не влегуваат трошоците за колеџ или евентуална државна помош.

Освен сумата, извештајот заклучува и дека колку е побогато семејството, толку е поскапо растењето деца. Богатите семејства во просек трошеле два пати повеќе на своите деца отколку сиромашните семејства. Било заклучено и дека кај семејствата со пониски примања, исхраната е рангирана како втор трошок по големина.

Она што изненадува е дека и покрај популарноста на најразлична дизајнерска облека за деца, трошоците за ова се во постојан пад во последните 55 години.

Без разлика на примањата, на ниво на цело истражување, трошоците за живеалиште остануваат најголем издаток во одгледувањето дете.

12 јануари 2017 - 11:22