Кинеското скриено богатство сред мексиканска пустина

Истрага на Вол стрит журнал открива купиште алуминиум, со обем од 6% од светскиот алуминиум, складиран сред во пустина во Мексико. Дополнителната истрага открива дека купот има кинески газда.

Процените на весникот се дека купот вреди околу 2 милијарди долари, и има доволно алуминиум за да се произведат 77 милијарди лименки пиво. Откритието ги напна односите меѓу трговските власти на САД и Кина, откако овие првите тврдат дека алуминиумот му припаѓа на Ли Жонгтиан, првиот човек на Жонгванг холдингс, една од најголемите компании за алуминиум во Кина. Накострешеноста на Американците се должи и на тоа што откако на Кинезите им тргна бизнисот со алуминиум во САД останати се само 5 од вкупно 23 топилници кои функционираа на национално ниво.

Според Американците, проблемот е што Кинезите тајно го складираат металот во Мексико, за потоа благодарејќи на НАФТА договорот истиот, како мексикански, да го извезат во САД по далеку подобри услови.

Самото производство на алуминиум е субвенционирано во Кина, заради што Кинезите се крајно успешни во давање подобри понуди од американските производители. На ова САД реагираа со воведување на квоти за увоз на алуминиум од Кина, на што Кинезите (или барем Лиу) реагираа со отворање на мексиканската рута.

Лиу за Вол стрит журнал изјавил дека нема никаква врска со откриениот алуминиум.

12 септември 2016 - 10:28