Годината низ пари

- Кинеската потрошувачка на купување американски и европски компании во 2016 е поголема отколку во трите претходни години заедно. За 2016 сумата е 163 милијарди долари (88 во Западна Европа, 75 во САД).

- Во ноември ОПЕК вадеше рекордни 34,16 милиони барели нафта на еден ден.

- Во 2016 фунтата и пезосот имаат најголем пад во однос на доларот. Пезосот паѓа 15,1%, а фунтата 15,8%.

- Доспеаниот долг на американските студентски кредити за само една година се зголеми за 76 милијарди долари.

- Ворен Бафет стана 12 милијарди долари побогат, додека богатството на Ванг Џианлин падна за 5,7 милијарди долари.

- На 15 декември американскиот удел во глобалниот пазар достигна 38% што е највисоко ниво во последните 10 години. Британија, Франција, Германија, Шпанија и Италија заедно имаат 13%.

- Фунтата го имаше историски најголемиот пад во еден ден, паѓајќи речиси 8% во однос на доларот на 24 јуни, дента по изгласувањето на брегзит.

Остатокот од случувањата тука

26 декември 2016 - 09:53