Рамстор воден од многубројната пубила ја совлада Систина за Ф4

По пласманот на Лукоил и Трансмет, во полуфиналето од Бизнис лигата на Македонија влегоа и екипите на Рамстор и ЕЛЕМ.

Антонио Ничевски човек на одлука во победта на ЕЛЕМ над Уника за влез Ф4
ЕЛЕМ4-4(2-2) Уника (8-7 по пеналите)
ЕЛЕМ: Диме Милевски 7’ Антонио Ничевски 17’34’ Влатко Петровски 24’|Антонио Ничевски(п) Димче Димитријески (п) Влатко Петровски (п) Синиша Ковачевиќ (п)
Уника: Ибиш Мисини 10’ Шабан Чупи 12’ Бесим Нухиу 26’ Арбен Нухиу 27’| Арбен Нухиу (п)Бесим Нухиу(п)Шабан Чупи (п)
Дерби натпревар одиграа екипите на ЕЛЕМ и Уника.

Во исклучително брз и атрактивен фудбал во кој изобилуваше неизвесноста силите ги одмерија екипите на Уника и ЕЛЕМ. Прв до водство дојде ЕЛЕМ преку Диме Милевски кој го отвори овој натпревар, но екипата на Уника го имаше Ибиш Мисини во своите редови кој по неполна минута успеад да израмни на 1-1. Во остатокот од полувремето се водеше крајно израмнета борба во која и двете екипи успеаа да постигнат уште по еден гол и ова полувреме го завршат со израмнет резултат 2-2. Во второто полувреме екипата на Уника успеа да стекне резултатска предност но ЕЛЕМ во своите редови како голман играч го имаше Антонио Ничевски кој имаше своја вечер не само што успеад а обрани неколку клучни шутеви кон голот туку и постигна два гола со кој го одведе својот ЕЛЕМ во пенал завршница. По изведувањето на пеналите Антонио Ничевски кај ЕЛЕМ успеа да одбрани два пенали и му даде простор на Синиша Ковачевиќ да го одведе ЕЛЕМ во Ф4 фазата.

Рамстор воден од многубројната пубила ја совлада Систина за Ф4
Рамстор 4-3(2-2) Систина
Рамстор: Ибрахим Бекир 10’ Ведат Арслан 16’ 34’ Авни Воша 21’
Систина: Игор Ѓорѓиевски 17’ 30’ Никола Трајковски 19’

Последниот полуфинален дуел од Ф8 фазата го одиграа екипите на Рамстор и Систина во првото полувреме екипата на Рамстор беше прва која ја превзеде иницијативата водена од својата многубројна публика успеа да додје до резултатска предност од 2-0. Но екипата на Систина ги консолидираше своите редови и со одличен напад успеа да израмни на полувремето за 2-2. Во второто полувреме екипата на Рамстор потпирајќи се на индивидуалните квалитети успеа да стекне предност која Стистина се обидуваше да ја стигне во текот на целото второ полувреме. Во последните три минути тренерот на Систина Амел Аломеровиќ во своите редови внесе голман играч како би го израмнил резултатот но Рамстор не го дозволи тоа па го доби овој натпревар со 4-3.

18 мај 2017 - 12:35