Верон на 42 години игра како дете

Хуан Себастијан Верон е претседател и играч на аргентинскиот клуб Естудијантес кој се натпреварува во престижната Копа Либертадорес. Во синоќешниот триумф од 0:3 на гости против Барселона од Еквадор, Верон одигра 56 минути и намести еден гол.