Смртните приказни за СП Катар 2022

На 2 декември 2010 извршниот комитет на ФИФА ја донесе можеби најконтроверзната одлука поврзана со Мундијалите кога за домаќин го назначи Катар. Од тоа произлегоа голем број на проблеми кои го разложивме во неколку клучни точки меѓу кои најсериозен се покажа изживувањето спрема работниците кои почнаа да ги градат стадионите.

Домаќините ангажираа 40.000 имигранти од сиромашните земји како Непал, Пакистан, Индија, Шри Ланка, Бангладеш за изградба на стадионите, но кон нив се однесуваат нечовечно и ги тераат да работат на пеколни температури по цели денови.

Ги сместувааат во кампови како од хорор филмови, не ги плаќаат според договореното, им ги држат пасошите, а според проценките, доколку продолжат со тоа темпо одржувањето на Светското првенство во 2022 со живот ќе го платат околу 4.000 работници. Шокантните стории со овие луѓе кои гинат на 50 степени ги сними репортер на ESPN во 17 минутен документарец кој не е за испуштање.

11 јуни 2014 - 16:43