Најлудиот пресврт на Интер со снимка од Телма

Благодарение на неговото височество Јутјуб налетавме на еден ретро хајлајтс од Серија А (9 јануари 2005), која имаше посебен шмек кога одеше на Телма. Пет преноси за викенд, па ти си бираш што да гледаш. Во 83 минута Бранко Илиевски му запишува пораз на “својот“ Интер откако Кутузов ја носи Сампдорија до водство од 0:2 на Меаца. Остатокот ќе мора сами да го видите.

 

10 јануари 2017 - 10:48