ФИФА награди

Кристијано Роналдо повторно најдобар на светот, Меси не дојде

На церемонијата „ФИФА награди“ во Цирих, наградата фер-плеј ја доби колумбискиот Атлетико Насионал поради предлогот титулата во Копа Судамерикана да ја добие бразилскиот Шапекоенсе.

Откако истече шест-годишниот договор на ФИФА со магазинот "France Football" за називот "Ballon d'Or“, а двете страни не се договорија за продолжување на соработката, ФИФА мораше да најде адекватен назив и изборот падна на "The Best".

Кристијано Роналдо доби третина од гласовите - 34,54%, втор беше Аргентинецот Лионел Меси со 26,42% а Французинот Антоан Гризман доби 7,53%. Португалецот ја доби наградата откако во минатата 2016-та стана Европски шампион со Португалија и ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид.

Очекувано, за најдобар тренер на годината наградата ја понесе Клаудио Раниери којшто со Лестер успеа да ја освои Премиер лигата и го направи најголемото изненадување во последните неколку децении. 

Во тимот на годината нема ниту еден од Премиер лигата, а речиси целиот е составен од фудбалери на Реал Мадрид и Барселона. За најдобра фудбалерка минатата година сосема очекувано е прогласена Американката Карли Лојд а за најдобар женски тренер селекторката на Германија Силвија Наид.

ТИМ НА ГОДИНАТА: Мануел Ноер (Баерн), Дани Алвес, Џерар Пике, Серхио Рамос, Марсело, Лука Модриќ, Тони Крос, Андрес Иниеста, Лионел Меси, Суарез и Кристијано Роналдо.

Наградата „Ференц Пушкаш“ за најдобар гол ја доби Мохд Фаиз Субри од Малезија за голот на мечот меѓу Пенанг - Паханг во малезиската Супер лига.

Роналдо во Цирих се појави со новата девојка Џорџиња Родригез

Клаудио Раниери е тренер на годината 2016

Кај може без него

Ванеса Лоренцо и Карлес Пујол

Сенка на вечерашниот избор стави одлуката на експедицијата на Барселона да не присуствува на доделувањето на оваа награда. Лионел Меси, Луис Суарез, Џерар Пике и Андрес Иниеста добиле забрана да патуваат во Цирих.  Играчите на Барселона беа номинирани во две категории - за најдобар фудбалер на светот во изминатата година (Меси) и во најдобриот тим на светот во 2016-та (Пике, Иниеста и Луис Суарез).

Ниту еден од нив не отпатувал во Цирих поради згуснатиот распоред на натпреварување затоа што „Блауграна“ неделава ја чекаат две тешки средби: во среда играат реванш од шпанскиот Куп на Кралот против Атлетик Билбао од кого го загубија првиот меч, а во сабота играат против Лас Палмас во Примера.

На „Камп Ноу“ е вклучен алармот после ремито со Виљареал во неделата вечер 1:1 после што Барса сега е трета со пет бода заостаток зад Реал Мадрид кој има натпревар помалку. На почеток се чинеше дека не доаѓањето на играчите на Барселона е продолжение на „студената војна“ меѓу ФИФА и Каталонците којшто започна пред три години кога им беше забрането да купуваат играчи но не беше така.

Во Цирих се најдоа претседателот на Барселона Џозеп Бартомеу, потпретседателот Џорди Местре, спортскиот директор Силвио Елиас, извршниот директор Оскар Грау, директорот за спортски прашања Алберт Солер и директорот за фудбал Раул Санлиеј.

9 јануари 2017 - 21:17