МАЖИ ВНИМАВАЈТЕ – Кога жените ви прават магии: Ако таа ве „заклучи“ нема да можете да имате ерекција, а еве и зошто

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Среќа.

Мажите кои живеат во околина каде живеат влашки семејства во голем број веруваат дека нивната полова сила може да зависи од расположението на жените. Тие поради посесивноста, љубомората или одмаздата, со помош на влашките гатачки може да го доведат мажот во доста тешка ситуација.

Мажот се заклучува за да не може да има односни со ниту една жена, или пак да не може да води љубов само со одредена жена. Освен полна немоќ, мажот се чувствува лошо, го напуштаат го силата и волјата да се бори, па може и да умре. Вака врзаните мажи често пати и самите бараат помош од гатачките за да ги одврзат.

Мажите најчесто ги заклучуваат нивните сопруги за да не ги мамат, но и љубовниците за да не можат да имаат сексуални односи со сопствените жени.

Се заклучуваат со „мртва вода“, „змиска вода“ или пак белег од тој што се заклучува се закопува во нечиј гроб или се потура во сандак на покојник. „Мртва вода“ е водата со која се бањал покојникот или водата од легенот која стои под сандакот на покојникот.

„Змиска вода“ се прави така што се фаќа змија и се става во шише со вода каде умира. Кога таквата вода ќе се фрли во дворот на некој, луѓето бегаат едни од други како од змии.

Една од најпознатите влашки гатачки баба Јованка Житеа oд Јабуковац во Србија успешно ги отклучува заклучените мажи, применувајќи ја следната постапка:

-Во карти гледам дали некој маж е заклучен. Со црвен конец ја мерам висината на тој човек, а потоа со тој конец го врзувам босилекот со кој потоа му баам. Во водата се става: босилек, темјан, сол, семки од сладок пипер, гранка врба, јаболко и дива метла која се бере на Свети Јован, 7 јули. Потоа се отклучуваат три катанци девет пати, ја објаснува баба Јованка постапката за отклучување.

Бабата Јованка тврди дека успешно отклучува човек до прв обид. Ретко кој, кој е заклучен на повеќе начини, мора да дојде по втор пат кај неа.

И жените може да бидат заклучени, но ова се поретки случаи.

Интересно е дека кога мажот е заклучен, официјалната медицина не може да му помогне. Дури ниту 2виагра“ не помага во таквите случаи.

22 април 2017 - 07:31