Драма во Белград: Обид за убиство на Сораја, едвај преживеа (фото)

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Exclusive.

Непријателите на Сораја и понатаму добиваат на сила како да ја уништат, причината непозната!

Таа, изминатата недела доживеа мала сообраќајна несреќа кога со џип се заби во комбе. Меѓутоа, немаше јасни мотиви како и зошто. Сопирачките на нејзиниот цип не работеа.

„Сораја во текот на изминатата недела, околу 13 часот, тргна на снимање на емисија и што влезе во автомобилот примети дека сопирачките на работат најдобро, но сепак се упати кон дестинацијата. На првите семафори кога требаше да застане не можеше и се удри во комбе. За среќа немаше повреди, освен материјална штета“, изјави нејзина блиска пријателка.

27 март 2017 - 08:13