Се гледаме, стари

Почина Владо Антонов

Замина еден од последните стари мајстори на новинарството кој пишаниот збор го плетеше со педантност на филигран. Беше врвен дескаџија и предобар човек. Ја издржа за него лошата 2016-та и почина во првите денови на 2017-та, веројатно само за да не умре со сите други. Оти Владо секогаш беше башка.

По долго и тешко боледување, на 62 годишна возраст, почина Владимир Антонов. Правник по образование, Владимир Антонов, своите најплодни години ги мина како новинар и уредник на деск во Македонската телевизија, во Сител и во Канал 5, а кариерата ја заврши како уредник на вестите на англиски јазик на скопски Промовенс.

Како ерудит и мајстор на пишаниот збор, Владе Антонов, беше учител и ментор на многу денес познати новинари и уредници во многу медиуми во Македонија.

Последна почит на чичко Владе ќе му биде оддадена во сабота, на седми јануари, во капелата на гробиштата Бутел, во 10 часот, а погребот ќе биде извршен во 11 часот.

Ќе ни фалиш мајсторе.

5 јануари 2017 - 15:49