Комисиски упатства за лекторирање

Неодамна пренесовме реакција на преведувачка, во која таа се оградува од финалниот превод на „Хаклбери Фин", издадена во рамки на проектот „Ѕвезди на светската книжевност". Причина: книгата која е преведувана на колоквијален јазик, онака како што и ја пишувал Марк Твен, е лекторирана и трансформирана во литературен без знаење и одобрување на преведувачот.

По трага на оваа вест, обидувајќи се да сфатиме како воопшто дошло до ваков скандалозен финиш, наидовме на интересни материјали, тип официјални, кои им се испраќани на издавачите кои на тендер добиле наслови од споменатата едиција. Испраќач е комисија формирана во рамки на Министерството одговорна за уредување на „Ѕвездите..", а упатствата потоа од страна на издавачот се препраќани на соработниците (преведувачите).

Контроверзите почнуваат од самото име на „документот" (Глосар, really?), преку неговата веројатно првична форма на скица која е несмасно испратена како таква, па до „посредени" верзии, во кои несоодветните (забранети?) зборови се одбележани со црвено (последната, трета верзија има над 20 страници).

Неколку прашања:

- Зошто било потребно да се прави посебен список за нешто што е веќе нормирано со постоечките стандарди на македонскиот јазик? За во случај куп издавачи и преведувачи да заборавиле како се пишува „не можејќи", а ги мрзи да отвараат правопис? Или за да бидат заплашувани, дека ако книгата не биде објавена согласно упатствата, тие нема да бидат исплатени?

- Каква е таа пирамида на јазичката моќ на чиј врв стои некаква Комисија, од која зависи како генерации млади Македонци ќе мислат дека зборувал Хаклбери Фин?

- Што значи тоа дека не треба „вџашен" туку „вџаСен", кога првиот го има и во толковниот, и кај Блаже и во Правописот (исто како и куп други зборови). Само затоа што така му е некому по ќеф?

- Зошто па зошто овој список да важи само за оваа едиција? Зошто да не важи, еве, и за говорниот јазик. Па кој ќе каже „оној пат" веднаш да биде казнет со 50 евра, затоа што требало да каже - „оној пат". Не ви е јасно? Ни нам. Само гледаме како некој пред наши очи ни го прави јазикот чудовишТен.

Дали веќе и ние сме станале такви, или сме следните?

***

Почитувани соработници,

Ви ги праќам уште еднаш двете упатства за лекторирање на книгите од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност" изработени од комисијата на Министерството за култура. Кога ќе лекторирате книги од оваа едиција, Ве молиме да ги користите овие две упатства.

Срдечен поздрав,

Глосар
Word
.пдф

10 декември 2014 - 11:02