206 мислители одговараат на прашањето

Kој научен концепт би требало да се промовира во 2017?

Иако веројатноста секој да си гледа од својот атар, и да смета дека научните проблеми со кои тој/таа се занимава се најбитните и најитните, интересно е на едно место да се видат одговорите на голем број научници и мислители за тоа кој концепт или термин би требало да е во фокусот на вниманието следната година, и особено - зошто.

Сајтот Eџ (еdge.org) од 1998 веднаш по Нова година поставува едно генерално прашање до научници, мислители и стручњаци од различни области. Меѓу поинтересните до сега се: „Кои се најзначајните пронајдоци во последните две илјади години.?“, „За што верувате дека е вистина иако не можете да го докажете“, „За што сте се предомислиле и зошто?“ или „За што сте оптимисти?“. За сите нив, по обемната анкета, се објавени зборници со одговорите аргументите на учесниците.

Прашањето за 2017 е: „Кој научен термин или концепт би требало да е пошироко познат?“ На него до сега имаат одговорено 206 професори, директори на компании, добитници на Нобел, новинари, па дури и еден дизајнер на бродови. Меѓу нив има и славни имиња, како Ричард Докинс или Брајан Ино. Еве некои од нивните одговори кои на сајтот се и подетално аргументирани:

Даниел Денет, филозоф: Возможности (Affordances)

Брајан Ино, композитор, продуцент, уметник: Склоност за потврдување на сопствените гледишта (Confirmation Bias)

Марио Ливио, астрофизичар: Koперникански принцип

Џеред Дајмонд, универзитетски професор по географија и добитник на Пулицер: Здрав разум (Common sense)

Стивен Пинкер, професор по психологија: Втор закон на термодинамика

За сите останати тука

3 јануари 2017 - 19:19