Пораките за среќа и мотивација ве прават мизерни

Како што ни е полесно да со помириме ако сме нерасположени на облачен отколку на сончев ден, така е полесно да нè дрма депресија кога сме опкружени со смајлија и радио водителки кои уште рано сабајле се егзалтирани од среќа што почнал денот. 

Општествениот притисок да бидете среќни има сосема спротивен ефект и е еден од факторите за ширење на модерната чума - депресијата.

Депресијата доминира во земји во кои среќата и радоста се врвни приоритети. Наместо да бидат вообичаен плод на секојдневието, тие стануваат цел сами за себе. Бомбардирани сме од смајлија, несмеани лица на рекламите, медиуми полни совети како да се биде среќен, гуруа кои нудат курсеви и инструкции на темата... Во такви услови, дури и најмалото губење чекор со така амбицираното општество всушност нè прави поранливи и лесно податливи за очајот и депресијата.

Група австралиски научници експериментално го проверувале ефектот на надворешните фактори врз чувството на среќа. Луѓе од неколку групи поделени во соби со различни амбиенти имале различно чувство кога не успевеле да ги решат дадените задачи (а некои од нив и немале решение). Неуспехот најсилно фрустрирал кога се работело во просторија полна со мотивациски постери, книги, цитати и еуфорични предавачи кои восхитено давале инструкции за задачите.

Традиционалните испитувања на депресијата се фокусираа на личните карактеристики па истражувачите ги занимаа гени, био-маркери, темпераменти. Нашата студија сугерира дека постојат и надворешни, културолошки фактори“, вели еден од истражувачите.

Во Австралија секој петти човек страда од некој симптом на депресија, што добива размер на епидемија. Рачунајте дека некој од нив гарант е од битолско ако летово не може да се врати во стариот крај за на Широк сокак прегласно да се курчи со акцентот.

18 јуни 2017 - 09:40