Кога ушите те лажат

За илузиите обично виновни ни се очите. Меѓутоа, и ушите знаат- и тоа како - да не измамат. Знаете, сте слушале ваљда предизборни кампањи. 

Дијана Дојч е професор по психологија на Универзитетот во Сан Диего и мајстор за поигрување со човечкиот слух. Таа измислува аудио илузии, не за мајтап, туку за научно да докаже дека често ние не го слушаме она што мислиме дека го слушаме. Мозокот може да биде прелажан не само преку очите, туку и преку ушите, а единствената разлика е што оптичката измама ја забележуваме побргу и почесто.

Една од „измамите" е наречена илузија на октавата, или илузијата на Дојч. Таа вели дека мозокот се буни кога звуците му доаѓаат де од едното, де од другото уво. На пример, ако седнете човек со слушалки и од десно му пуштате висока нота, а од левото нота една октава пониско, тој нема да забележи дека звуците доаѓаат од десно односно од лево, туку ќе мисли дека звукот го слуша на двете уши истовремено. Ова е само еден вид „хакирање" на нашиот аудитивен систем. Врз основа на овој базичен концепт можни се различни варијации.

Една од најинтересните е илузијата на „фантомски зборови". Ставете слушалки, по можност стерео, и видете што ќе се случи по некое време. Не само што ќе почнете да слушате зборови, туку тие најверојатно ќе бидат различни од она што го слуша некој друг. Истражувањата на Дојч покажале дека луѓето најчесто слушаат нешто на мајчиниот јазик, и тоа она што ги мачи или преокупира.

Затоа, кога жена ќе му каже дека е свиња, на човек му се слуша како другарите го викаат на скара.

26 февруари 2014 - 11:02