За мозокот на тапанарите

Ова на неколкумина тапанари кои ги познаваме ќе им се допадне: нивните мозоци не само што се различни од оние на повеќето од нас, туку тие се и (туш!) - подобри.

Неврологот Дејвид Иглман веќе неколку години ја истражува перцепцијата на времето на тапанарите и начинот на кој функционираат нивните мозоци. Поттик за ваквиот проект му дал Брајан Ино, со кого Иглман соработувал на театарска поставка на своја книга. Овој му раскажал анегдота со Лери Мулен, тапанарот на У2 - кога Лери свирел на снимка на бендот во којашто веќе имало вградено тн. click track, односно аудио ознаки за синхронизирање на звукот, тој забележал дека во неа има мала грешка со ритамот. Иако Ино отпрвин не му верувал, на крајот испаднало дека тоа е точно - отстапувањето било шест милисекунди. На следното снимање во студиото на Ино, Иглман дошол со неколку лаптопи и безжично ЕЕГ, што било само почеток на неговата работа со голем број тапанари.

Неговите резултати ги потврдуваат наодите и на претходни студии - дека има голема статистичка разлика помеѓу чувството за време на тапанарите и останатите тестирани субјекти, а нивната способност да го одржуваат ритамот им овозможува интиутивно разбирање на ритмичките шеми кои се насекаде околу нив. Еве како функционира тоа:

Ваквата ритмичка сензитивност на тапанарите од една страна може да биде фрустрирачка, како да имаш совршен слух во свет во којшто речиси сè е фалш. Но да свириш тапани (а и кој и да е друг инструмент) го зголемува прагот на болка, поттикнува лачење ендорфиин и го овозможува она што се нарекува „тапанарски хај". Како оној кој често се гледа кај Стујарт Копланд (Полис) кај Дејвид Летерман.

Подолу, Тери Бозио (соло) и Топер Хидон (Клеш) во интервју за Би Би Си.

12 август 2015 - 13:22