Новиот басист на Корн има 12 години

Реџиналд „Филди“ Арвизу, стандардниот басист на легендарната група не можел да стигне на закажаната јужнамериканска турнеја. За среќа, нашле замена. А и некој во Металика ќе знае дека син му е на прав пат.

Таи Трухиљо ќе биде на бас на свирките на Корн во Богота, Лима и пар други места во Јужна Америка, закажани за крајот на април. 

Има само 12 години и ако презимето ви звучи познато, ок е. Син е на басистот на Металика, Роберт Трухиљо.

Кога не е со Корн, малиот е со својата група на рано созреани клинци, се викаат Хелметс и звучат вака:

12 април 2017 - 11:06