За среќа се потребни тројца мажи

Постар богаташ, средовечен уметник и страсен 30 годишник. Според искусната Лајза Минели, ова е трилингот кој треба една жена да го поседува ако сака да има идеален брак. Во недостаток на потребниот репроматеријал, 66 годишната пеачка живее со шнауцери.

Лајза Минели изјави дека не планира по петти пат да се мажи и дека е задоволна од самачкиот живот со своите три шнауцери.

"Ми здосадија слаби мажи. Не гледам зошто повторно би се мажела. А не би било лошо да имам постар богаташ кој ме обожува, средовечен вљубеник во уметноста и 30 годишник кој би ме посетувал три пати неделно. На последниот не мора ни да му го знам името", реча Минели која и покрај вештачкиот колк, колено и ножен зглоб, сè уште не планира да се повлече од сцената.

Најмногу ја нервира кога ќе ја наречат дива. "Дива, мене тоа ми звучи како да е наменето за дебела оперска пеачка," рече Минели која од помладите колешки најмногу ги сака Адел, Пинк и Лејди Гага.

21 мај 2012 - 10:34