Кравата глупа ли е што не дава 0,5?

Многу луѓе се убедија дека ако не пијат полномасно млеко туку некое од оние со помала масленост, со тоа си прават добрина за своето здравје, килажа или ризик од дијабетес. Е па, кажете драгичка.

Во очите на науката, млекото со ниска масленост никогаш не стоело послабо од сега. Луѓето кои пијат 'нормално' млеко не само што не прават ништо лошо за своето здравје туку имаат и подобри шанси за избегнување дијабетес или прекумерна тежина од оние кои бираат млеко гледајќи првенствено во бројката на неговата масленост.

Ваквите наоди се од масовна и долгорочна студија: 3,333 луѓе следени 15 години. Утврдено е дека  оние кои во себе имаат високи нивоа на нуспроизводи карактеристични за полномасното млеко имаат 46% помалку шанси да заболат од дијабетес.

Претходната претпоставка се чинеше навидум исправна. Ако производ има поголема масленост односно калории, толку се поголеми шансите телото да не може на вистински начин да се справи со нив па да покачи шеќер.

Но, и Земјата е навидум рамна.

Сегашното објаснување на ново утврдените корелации вели дека штом човек намали на масленост, тоа ќе се обиде да го компензира со поголем внес на јагленхидрати кои телото ги претвора во шеќери кои пак најчесто се складираат како сало.

Во една друга американска студија на 18.438 возрасни жени било утврдено дека оние кои пијат полномасно млеко го намалиле разикот од прекумерна килажа за 8 проценти.

Освен што го задоволува телото со доволно калории па тоа подоцна нè посегнува по непотребни шеќери, можно е дека млечната масленост влијае директно врз клетките на црниот дроб помагајќи им да ги разложуваат шеќерите а се претпоставува дека и добронамерните бактерии од млечните производи како што е сирењето имаат благопријатен ефект врз регуларното лачење инсулин.

6 април 2016 - 14:13