Топлото ваше, занимацијата наша

Бидејќи имате уште најмалку 10-тина дена во кои најпаметно ви е да седите дома и на топло да си најдете некоја занимација.

Musicmap е интерактивна музичка енциклопедија во која можете да се нурнете и да се заборавите. Ја содржи генеалогијата и корените на популарната музика од 1870-та па до денес.

Средена со жанрови, поджанрови, мапи, линкови, плејлисти, мрежи, кој од каде доаѓа и каде оди, свашта! И најважно од сè - музика. За да не ви биде потрагата "на суво".

Каде ќе влезете е ваша работа, каде ќе излезете, никој не знае.

Ајде овде.

10 јануари 2017 - 13:51