Замина Раша Попов

Во 84 година од животот деновиве почина Раша Попов, новинар, забавувач, учител и симбол на многу детства. Зборуваше тој и за Боб Дилан и Марк Твен, за Гуливеровите патувања и најдобрите француски вина, но и за ѕвездите, осаменоста, љубовта и вистината...

Омилен албум/песна?

Мелани, Џоан Без и Боб Дилан. Го сакам тој таинствен звук на баладата. Не сфаќам како можеше тоа да излезе од мода. Не можам да дојдам до своите омилени мелодии. Модата ја закржлавува душата.

Филм?

“Мостовите на Медисон”. Вистинските љубовници се осамени во светот и природата. Тоа е жалостен филм, како што всушност е жалосна и секоја вистинска љубов.

Книга?

“Авантурите на Хаклбери Фин” и “Гуливеровите патувања”, особено во земјата на коњите и Јахуата. Хаклбери Фин е момче кое го води својот и сплавот на Џим до слободата... А во “Гуливер” Свифт јавува: За да дојде до слободата, човекот (Јаху) мора прво да се ослободи од својата нечиста природа.

ТВ емисија?

Ток-шоуто на Дик Каветс со Бет Дејвис. Никогаш не сум слушнал толку интелигентни и искрени одговори, како тогаш.

Сајт?

Сите сајтови за владеењето и погубувањето на мексиканскиот цар Максимилијан. Трагичен лик на австро-унгарските владетели, кој го имаше дворецот Мирамар кај Трст и летниковецот на Локрум... а отиде да царува во Америка. Го заѕидаа во ќелија, па потоа го стрелаа.

Постои ли некој проект во кој не сте учествувале а би сакале?

Смедеревската тврдина. Да им ја прикажам на децата низ десет приказни. Исто така посакував во Грција да снимам ТВ емисија за возрасни, посветена на неверојатните манастири на врвовите на карпите на Метеори. А во еден “проект” учествува со Тане Ибрајтер, снимавме овчарски кучиња на пасиште во Мокрин... но економистот од телевизијата ми рече дека морам да штедам бидејќи доаѓаат кризни времиња и дека можам да работам само ден ипол. Во тоа време лакеите трошеа неверојатно многу пари а јас штедев. Барем да снимавме три дена. Ќе ги снимевме кученцата и куќата на овчарот, со свети Јован на ѕидот.

Хоби?

Ги собирам “златните книги” од моето детство. Геца Кон издаде 109 за 11 ипол години. Засега имам 56. Од време на време ја читам таа детска проза.
Спортист?

Се разбира, Јелена Јанковиќ и Ана Ивановиќ. Тешко ми е кога играат меѓусебно а кога постигнуваат успеси, плачам од радост и од тежината на тој подвиг.

Патување?

Секогаш би одел во Грција. За десет години прочитав десет оригинални книги на грчки јазик. Но, на старост почнав да го заборавам грчкиот. Би сакал неколку месеци да останам во Грција, повторно да прозборам на тој јазик. Но, од 1994-та кога бев гостин на Друштвото на ветеринари на Грција на нивниот годишен собир во Солун, ја немам видено Грција.

За кого навивате? И како?

Навивам за државниот тим на Србија, и тоа жестоко. А од клубовите за Ѕвезда и Војводина, ладно. Навивам и за мокринскиот Делија. Мојот покоен татко Петар беше напаѓач во тој клуб кога од 1931-ва до 1941-ва го викаа “Банатски Уругвај”. Со доаѓањето на номенклатурата тој беше истиснат од спортот. Во 1923-та, крај Мокрин тој и неговите 16-годишни другари го оснаваа Делија. Името на клубот го даде Милан Тешин, судијата од Суботица.

Пет историски личности кои би ги повикале на вечера?

Маршалите Жуков, Малиновски и Толбухин. Војводата Мишиќ и Васа Стајиќ. Стајиќ беше таен активист на обединитете Срби во 1913-та. Робуваше како казна за таа активност. Потекнува од моето родно село Мокрин. 

Што е тоа што не сте го пробале а би сакале?

Токајац и најдобрите француски вина. Од нив го знам само божоле. Го пиев во Лондон. Специјално отидов до ренесансниот плоштад Шепердс маркет, во тамошниот француски ресторан. 

Во кого или во што верувате?

Во севишната сила која е во ѕвездите, создадени од неа самата.

Што е вистинска жена?

Космичко суштество создадено на земјата.

А гениј?

Слуга на вистината. 

24 април 2017 - 08:19