Веб класици:

Скара, како машки звучи тоа

Скарата е единствената храна која некои мажи знаат да ја прават. А тоа отприлика изгледа вака:

1. Жената оди до дуќан и купува сè што е потребно. 

2. Жената се враќа дома, спрема салата и нешто благо „за после“.

3. Жената го спрема месото за на скара, го реди на послужавник и го носи кај скарата каде што мажот седи, чека и пие пиво.

4. Мажот го реди месото на решетка.

5. Жената влегува во куќата за да го намести асталот.

6. Жената излегува надвор за да му каже на мажот дека месото гори и дека треба да го тргне од скара. 

 7. Мажот седечки го вади месото од скарата и и го додава на жената да го носи.

8. Жената го сервира месото на софра.

9. По вечерата, жената ја раздигнува софрата и мие садови.

10. Мажот ја прашува жената дали е задоволна што тој дента правел јадење а таа била слободна.. Кога таа ќе го погледне малку под око, тој почнува да мрчи како некои жени никогаш не се задоволни.

16 март 2017 - 09:43