Реакции на светскиот печат на победата на Макрон

Десничарските медиуми го нарекуваат мамино синче и се сомневаат во финансиите на неговата кампања. Останатите главно ја поздравуваат победата на најмладиот претседател во француската историја (една година помлад од Наполеон) како стопирање на популистичкиот бран.  

Liberation (Франција)

Првото постизборно издание на весникот (во чие основање учествуваше Жан Пол Сартр) ѝ го виде грбот на Марин Ле Пен на која сепак ѝ порача дека добро поминала (Bien Fait) и лицето на Макрон кој добро изиграл (Bien Joue).

Le Figaro (Франција)

И Фигаро искористи една игра на зборови покажувајќи фотографија со насмевнатиот Макрон и наслов „Победа со одење“, алудирајќи на движењето на Макрон кое се вика En Marche! (На потег).

L'Humanité (Франција)

Левичарскиот весник најави дека „започнува нова битка“.

Le Parisien (Франција)

Дневниот весник потсети дека Франција го има најмладиот претстедател досега. „Има 39 години и е претседател“.

La Repubblica (Италија)

„Макрон. Европската точка на пресврт"


Libero (Италија)

Десничарскиот весник го нарече новиот француски петстедател со зајадливото "bamboccione" (мамино синче). „Макрон ја победи Ле Пен. Европа, Левицата и банките се смеат“, пиша Либеро спомнувајќи дека првите финансиски извештаи за Макрон говорат за една сомнителна позајмица од 8 милиони евра.

Le Soir (Белгија)

Водечкиот белгиски весник на француски јазик порача дека „За Макрон сè започнува сега“.

El País (Шпанија)

Најтиражниот шпански весник ги поздрави резултатите од француските избори како победа врз радикализмот.

El Mundo (Spain)

„Франција се стави во рацете на Макрон“

The Daily Telegraph (Англија)

„Новата француска надеж донесува облак врз Брегзит“

The Guardian (Англија)

Макрон ја освои претседателската функција но земјата останува поделена“

Independent (Англија)

„Франција го сопре бранот популистички револуции“

Њујорк Тајмс скромно ги покриваше изборите па само констатира убедлива победа на Макрон, Вашингтон Пост виде победа врз популистите, руската онлајн Газета напиша дека Макрон ќе мора да одговори на повиците за промени а грчата државна телевизија ја коментираше важноста на победата но и високата стапка на гласачка апстиненција.

 

 

8 мај 2017 - 06:43