Берни Сандерс: Новата палестинска тактика ќе значи крај на Израел

Идејата за две држави се чини дека веќе не живее меѓу Палестинците. Денес тие се за останувањето во Израел но со комплетно еднаков државотворен статус. „Тоа би било крај на израелската држава“, предупредува Сандерс, без ронка булшит во него.

Берни Сандерс беше еден од потписниците на писмото на американските сенатори до генералниот секретар на ОН во кое се наведува дека оваа институција е пристрасна во случајот на Израел кога само таа држава се притиска за почитување на човековите права. Тој вели дека не се обидува да го заштити Израел од критики туку само му е чудно како само една држава е на тапет од целиот тој регион во кој постојат земји во кои жените не смеат да возат кола (Саудиска Арабија) или масовно скапуваат во затвор (Египет).

„Значи, не зошто Израел туку зошто САМО Израел?“, објаснува Сандерс.

Тој смета дека е погрешна повеќедецениската американска стратегија за истурање огромни пари и оружје како поддршка на Израел. САД треба да имаат правичен и порамноправен третман кон страните во спорот за земјите од регионот да се седнат на маса и најдат одржливо решение.

Па сепак, евентуалниот успех на новата тактика на Палестинците би била погубна по самото постоење на Израел. Имено, по долготрајното неуспешно залагање за две држави, се чини дека таа идеја е мртва и меѓу Палестинците сега е популарна идејата да останат во Израел, но со комплетно еднаков државотворен статус.

„Тоа ќе биде крај на постоењето на израелската држава, а Израел има право да постои“

 

5 мај 2017 - 08:17