Хероината која ги поеба нацистите

Безимена Чехинка доби спомен плоча заради нејзниот удел во отпорот кон германската инвазија на земјата за време на Втората Светска Војна: намерно спиела со окупаторот за да им пренесе сексуално преносливи болести по што тие бргу исчезнувале од службата. Локалците ја сметале за курва.

За жената не постојат никакви писмени документи меѓутоа доволно живи сведоци ја паметеле како болничарка задолжена да се грижи за повредените германски војници во локална болница во градот Требон.

Легендата вели дека се работело за лична вендета кон окупаторот бидејќи била силувана од војници на германските окупациони сили.

Лесно легнувала со пациентите заради што локалното население ја етикетирало како дроља. Меѓутоа, станало јасно дека војниците кои не ѝ одолеале, бргу исчезнувале од служба.

Се претпоставува дека покосила десетина пациенти и дека конечно ѝ доакал Гестапо кој испратил специјален агент во болницата за да утврди што се случува со нивните луѓе во Требон.

Најверојатно е убиена од нив.