Од кај ми пари да банкротирам?

Бројот на банкроти во Америка е во благо опаѓање. Една од главните причини е што луѓето немаат пари да прогласат банкрот.

Меѓу 200.000 и еден милион Американци немаат доволно пари да ги поднесат потребните документи и да прогласат банкрот, покажува истражување на Националното биро за економски истражувања.

Прогласувањето банкрот во просек чини 1.500 долари. 300 долари за папирологијата во судовите, остатокот за адвокати.

Процедуралните цени на банкротирањето пораснаа по 2005-та година кога, со намера да се намали бројот на банкроти,  се изменија правилата и на апликантите им се воведоа нови барања.

Студијата забележува дека пријави за банкрот има најмногу откако државата ќе го врати данокот - пари кои некому се доволни само за да пријави дека неговата бизнис приказна е готова.

12 мај 2012 - 20:35