Кешот е утепувачка

Индискиот премиер реши да ги повлече двете најчести банкноти во земјата, со што предизвика трговски колапс во државата во која 90% од трансакциите се извршуваат во кеш. Наместо да отстапи, тој порача дека сега му е мајката да се фати чекор со светот.

Нарендра Моди предизвика хаос во земјата и протести на сите нивоа откако реши од оптек да ги повлече банкнотите од 500 и 1.000 рупија.

Со оглед на тоа дека овие две банкноти чинат 80% од хартиените пари што се во оптек, малата трговија во земјата доживеа вистински инфаркт. 

Но наместо да отстапи, премиерот им порача да не бидат толку назад со материјалот:

„Сакам да им кажам на моите браќа и сестри трговци, ова е шанса да влезат во дигиталниот свет.“

Дополнително објасни дека и долгорочните намери му се просветителски, Индија да стане земја без старомодниот кеш.

Главната намена на повлекувањето на најчестите банкноти е сузбивање на црниот пазар, кој е поврзан со корупцијата, даночната евазија, но и со помагање на тероризмот.

Странски банки проценуваат дека 90% од сите трансаксции во земјата се одвиваат во кеш.

29 ноември 2016 - 08:29