Иднината на кралството на Елон Маск

Прави електрични автомобили, лансира ракети, поставува соларни панели, сонува за населување на Марс и воз што минува 530 км. за 35 минути, се обидува да ја спои Тесла моторс со Соларсити... Прашањето на Економист е: дали империјата на Маск може да опстане под притисокот?

Трите главни компании на Маск се Тесла и Соларсити, кои се тргуваат на берзата, и "фирмата за ракети" Спејсикс, која се уште не е излезена на берза, а притоа е и единствената од овие три која носи пари, а не само да ги троши.

Тесла планира да го забрза производството на Модел 3, новиот и релативно евтин електричен автомобил, и целта им е вкупното производство на (сите автомобили) до 2018 да изнесува 500.000 парчиња годишно, наспроти 85.000 колку што имаат денес. Соларсити и покрај целата популарност и големината на брендот, се уште е крајно слаб во генерирање пари. Пресметката е дека во 2016 овие две компании ќе направат загуба од 2,3 милијарди долари, а веќе имаат долг од 6 милијарди.

"'Маск инк' нема во скоро време да остане без пари. Тие имаат 5 милијарди долари во кеш и неискористен лимит во банка. И самиот Маск има децениски стаж на пркосење на шансите. Меѓутоа ако групата продолжи сериозно да инвестира таа ќе се најде пред голема празнина во финансирањето. Ќе биде безобзирно да се прават дополнителни задолжувања, па Маск најверојатно ќе треба да обезбеди  дополнителен капитал. Тој може ќе биде неволен за ова, бидејќи на тој начин тој ќе го разводни својот влог во компаниите на нивоа под 20%. Алтернатива е да се намалат плановите за инвестиции. Меѓутоа ова ќе ја погоди нестабилната цена на акциите на Тесла, која се базира на розовата иднина на компанијата. Типичните финансиски прогнози од инвеститорите уште од сега предвидуваат дека приходите на компаниите ќе растат со истата брзина што ја имаа и Гугл, Амазон и Епл во врвот на нивниот успех во средната на минатата деценија. Маск сака да собере кеш за компанијата, да ја одржи својата контрола врз нејзе и да ја одржи висока цената на акциите. Меѓутоа најверојатно нема да може да ги постигне сите три работи.

Ако Маск успее тоа ќе биде триумф на неколку нивоа. Тоа ќе покаже дека американските претприемачи можат да се справат со големи општествени проблеми како што е зелениот превоз; дека индустриите кои традиционално се чувствителни на капитал, како производството на автомобили можат да бидат нарушени од луѓе од надвор; и дека јавно тргуваните компании можат да испорачаат долгорочни проекти кои нема да даваат 'мазни' квартални извештаи. Па би било злонамерно да се нагласи дека Маск изгледа како самиот да се дотерал до ќош. Финансирањето на неговата групација успева само ако тој може да ги оствари многу амбициозните таргети. Повеќе од веројатно е дека ќе има некакви грешки по пат, или уште полошо, дека фрагилните финансии на Маск ќе го присилат да ги заузда своите амбиции и да повреди дел од инвеститорите," објаснува авторот на Економист.

22 октомври 2016 - 14:33