Навивачите кои треба да земат две недели одмор за да одат на гостување

Патот на навивачите на Манчестер Јунајтед на гостувањето против Ростов во ЛЕ беше играчка во споредба со ова што ќе го прочитате сега. Се работи за пат колку четвртина свет, за фудбалски натпревар од домашно првенство. Внимавајте, домашно првенство.

Викендов во руската втора лига се сретнаа екипите на Балтика Калининград и Луч Енергија Владивосток. Се сретнаа, ама кога ќе им дојде ред да се сретнат, кога ќе видат колкав пат ги чека, им доаѓа веќе никогаш повеќе да не се сретнат.

Калининград е руски град лоциран меѓу Полска и Литванија, на Балтичко море, а Владивосток се наоѓа на крајбрежјето на Тихиот океан во близина на границите со Кина и Северна Кореја. Еден со друг немаат ни Б од близина.

Нивната оддалеченост е неверојатни 10.300 километри, тоа во превод е 7 дена со воз или 12 часа со авион, мислиш се работи за Скопје – Њујорк. И да, од Скопје до Калининград е пет пати поблизу отколку од Владивосток.

Најголемата иронија е што овие две екипи играат во иста лига, а кутрите навивачи на Луч кои биле на гостување гледале натпревар кој завршил 0:0. Да земеш да се убиеш. Ако патувале со авион, само во пат загубиле точно еден ден, а ако случајно се решиле за варијанта со воз, тогаш ќе се вратат дома здравје боже на почеток на месец април.

Во Премиер лигата на пример најдолгото патување го имаат навивачите на Бурнемут и Сандерленд кои се оддалечени околу 560 км, а воопшто за потценување не е мечот меѓу Перт и Велинтон во австралиската прва лига кои се оддалечени 5.200 км бидејќи Велингтон се наоѓа во Нов Зеланд.

Во Лигата на шампионите најмногу патуваа навивачите на Порто и Шахтјор Доњецк бидејќи градовите на овие две екипи се оддалечени 4.700 км.

А замислете некогаш да треба да играат фудбалски натпревар Лас Палмас и Луч Енергија Владивосток во Лига Европа на пример. Покусата варијанта е 15.000 километри.

Инаку вака изгледа стадионот на Калининград

А планот е да биде во ново руво за СП 2018