НапреТ Престон Лајонс Македонија и среќен 70-ти роденден

Освен ФК Вардар оваа година е јубилејна и за уште еден македонски клуб каде исто така беше тренер Андон Дончевски. Се работи за Лавовите чиј тренер се вика Лупче, а претседателот им се презива Груевски. Имаат некои хард кор моменти, ама нека им е честито.

Престон Лајонс или Престон Македонија е клуб формиран во Австралија од македонски иселеници, а дека долго време има наши луѓе таму потврда плус е тоа што фудбалскиот клуб им опстојува 70 години.

Се натпреварува во регионална австралиска полупрофесионална во која титулата ја освоија во 2002-ра и 2007-ма. Престон е всушност предградие на Мелбурн, а клубот и по толку време натпреварување на странско тло и со други култури, не ја губи онаа македонштина всадена од порано.

Дел од играчите се Австралијци, а дел наши иселеници или нивни деца родени таму. Па така на пример најмногу настапи во историјата на клубот има Крис Емсовски (158), а најдобар стрелец е Џон Сапазовски (40).

По повод нивниот јубилеен роденден ќе се обидеме да ве доближиме поблизу до клубот оддалечен на 15.000 км од кај нас.

Една од првите тимски фотографии

За формирањето на Престон и лигите во кои се натпреварувал

Најава за натпревар против Мелбурн Хрватска пред 27 години

Легендарниот Дончо им беше тренер во 1998-ма

Пријателска со шампионската генерација на Вардар (Со црвен дрес е Дарко Панчев)

Во клубот се зборува на англиски, ама се игра на македонски начин

Навивачите си се нарекуваат

Тренер им е Лупче Ацевски

Претседател Жак Груевски (Најдесно)

Во 2010-та имаа посета од Македонија

На забавите се држат строго до македонското

Атмосфера во соблекувална

Една од нивните легенди е Џорџ Јолевски чии и дедо и татко исто така играле за Престон

Сајтот на клубот

2 мај 2017 - 13:32