Да се стоплат бездомници во „Дуња“

Социјалниот центар Дуња има простор каде можат да се сместат луѓе и да се засолнат од ниските температури.

Локацијата е на Рајко Жинзифов бр 22 (спроти Градежен факултет).

Споделете ја информацијата и донесете бездомници на таа адреса како и донации со ќебиња, храна, греалки, вода, перници, парични донации. На сите индивидуалци и организации кои се бават со помош на бездомници им се нуди дополнителен простор за вдомување.

Центарот располага со капацитет од 10-15 луѓе кои можат да преспијат таму. Центарот за вдомување ќе биде отворен ДЕНЕС ОД 20 часот, велат од СЦ Дуња.

повеќе

9 јануари 2017 - 18:25