Шпаркасе Банка го одбележи 31-ви октомври – Светскиот ден на штедењето

Посета на Дневниот центар за аутизам во рамките на програмата ‘‘Месец на штедење со Медо Штедо‘‘

Денес, по повод Светскиот ден на штедењето претставници на Шпаркасе Банка го посетија Дневниот центар за аутизам во Скопје. Посетата на Центарот е дел од програмата на Банката за одбележување на месецот на штедење како и Светскиот ден на штедење 31 октомври.

Во рамките на посетата, за децата во Центарот беа организирани и разни друштвени и забавни активности со популарната маскота на детското штедење „Медо Штедо" во кои дечињата видно уживаа.

Посетата на Центарот е една од активностите предвидени со партнерството помеѓу Шпаркасе Банка и Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром ''Во мојот свет''.

Шпаркасе Банка го одбележа Светскиот ден на штедењето и преку анимирање и едукација на најмладите. Со цел да ги мотивира, едуцира и поттикне децата на штедење, Банката во текот на изминатиот месец организираше конкурс за избор на најдобар цртеж на тема штедење и обезбеди интересни подароци за најмладите штедачи.

Шпаркасе Банка во својата мисија на корпоративно-општествена одговорност тежнее не само кон зголемување на сопствената продуктивност и квалитет на услуги и прозиводи, туку и кон унапредување на целокупната македонска економија и подигање на квалитетот на живот на локалната заедница.

За оваа година, планирани се повеќе проекти од доменот на корпоративно-општествената одговорност, особено во делот на образованието, кутурата и развојот на најмладите.

(комерцијален текст)

31 октомври 2014 - 15:58