Предвидувачки писма на читатели, Оскари 2016

Дојавата е од истиот човек кој минатата година на три дена пред Евровизија на табла во канцеларија го запиша распоредот на првите 5 места. Погоди 4 од 5 (го утна 4-то место). Неделава пушти список за тоа кој ќе ги земе наградите за годинешниве Оскари. Договорот е - ако ги погоди сите не го објавуваме кој е, ако не ги погоди ќе биде објавен со име и презиме. Ок, да не биде премногу амбициозно, од нас има два џокера да утне.

Дојавата е (во оригинал):

- најбољи филм - ревенант
- глумец - дикаприо
- глумица - бри ларсон
- споредна м. - сталоне
- споредна ж - алиша викандер
- режија - алесандро гонзалес инариту
- адаптирано сценарио - биг шорт
- оригинално сц. - спотлајт
- документарец - ејми
- странски - сан оф саул
- анимиран - инсајд аут
- кинематографија - ревенант
- продукција - мед макс
- шминка - мед макс

27 февруари 2016 - 21:45