Писмо за Водно

Малце ме претркаа со видеото, ама ова со Водно е горе-доле секој викенд и ситуацијата ќе се подобри кога ќе се заебе времето, ваљда. Епа ако не, ај да се молиме да не е сончево дека му се еба мајката на Водно.

Не ги кудам јас сите овие јадни души кои сакаат да земат воздух на Водно ама како да им кажам дека поради колите го дишат вoздухот од Рекорд у 16 саат со некое дрво плус. И не се криви они, криви се оние шупаци кои решија дека најдоброто нешто што може да му се направи на Водно, не се дрва, туку е жичара лејдис енд џентлстоко. И не се криви овие шупаци што решија да ги испердашат дрвата за да изградат жичара, криви се шупаците шо не знаат да следат проста причинско-последична врска или приказната како изградбата на жичара на планина ќе ја зголеми желбата на луѓето да ја посетат ебаната планина. 

Пази ваму:

  • бидејќи жичарата почнува од средно тие луѓе некако треба да стигнат до таму! Добро ако е пеш или точак, или пензионер во автобус, лошо ако е со кола (а сите нели имаат кола)!
  • бидејќи сите имаат кола таа кола треба некаде да ја паркираат. Епа ај ќе ја паркираат на паркингот кој е изграден не знам кога и реално не бил направен да ги опслужи сите овие суштества со коли, кои сакаат да уживаат на митското место, дека нели немало жичара.
  • паркингот е мал, ајде ќе се паркираме околу, а е мал дека нели немало потреба да е поголем дека немало жичара.
  • ај ќе чекам у кола да се ослободи место за да се паркирам. Нема да се паркирам на паркинг туку на пат т.е. до патот каде што ќе ја уништам тревата и природата а уствари идам на Водно за да уживам у истата таа природа. 
  • уз пут ќе јадам гомна дека ја ископаа планината тие Турците за тој сончев град.
  • и моето омилено: “Види ги бе со коливе" -> "ќе го удрат детето у количка" -> кое мајката и таткото го шетаат по сред пат -> бидејќи лево и десно има паркирано коли, чии сопственици јадат гомна дека има паркирано коли и мора да одат по пат за да стигнат до средно па да се возат до врв или да пијат кафе во некоја од меаните таму. 

И ова ќе трае, и бројот на луѓе на Водно ќе се зголемува. Пошто ск2014 може да се пофали со вредности на оние P(ичку) M(матер)10 честички кои влегуваат у четирицифри а макс дозволено е 35. Ама нема везе. Као 1 саат на Водно магично ќе ги прочисти. Ама нема везе.

И како да се реши оваа мака на Водно?!

Шупаците кои решија дека на Водно му треба жичара пред да ја направеа да уклучеа памет на две секунди ќе им текнеше на овие работи. Ќе видеа дека најпаметно ќе беше овие паркинзи да исчезнат и да се стават клупи, трева, да се засадат дрва. И не мораше тоа радикално да се направи, као што милуваат “овие". Можеше некој тест период да се забрани пристапот до средно со кола - некој викенд, па некој да се дозволи пристапот со кола и еден човек седи и набљудува а такви бар у ск2014 има,пооооо. И седи и набљудува, за колку се намалува бројот кога е забранет или не, за колку се зголемува кога е дозволен или не, колку луѓе се во кола, колку скутери/мотори доаѓаат кога е дозволен пристапот you get my point. Просто набљудување на луѓето решава еден тон проблеми во иднина. Куровми можда ќе виделе дека е крајно не исплатливо да се троши струја за жичарата кога пристапот со кола би бил оневозможен АМА ако нека иде струја за општо добро и здравје на граѓанштина.  

Алтернатива ќе беше да ги преселат паркинзите подоле наместо да ги изградат овие грдосии кои промовираат некој си глуп елитизам и единственост за 1500 евра квадрат а немаат поглед на море! Ама па тука на “овие” им одговара да се градат згради, тука општото добро-паркинг не е интересно како општото добро-жичара. Ама нема везе. 

Барем до тука нека се загадува со коливе, нема да се стресира целиот тој жив свет по планината. 

Ама сега ниту можат да ги срушат грдосииве за паркинг ниту па сакаат. Ама пак може нешто да се смени. Може да се забрани пристапот за коли до средно и само автобус да вози нагоре, па да му ебам матер еден кинез нека загадува ама ќе носи нагоре по 50 луѓе. Ама па кај ќе ги паркираат колите овие шо сакаат да се возат со кинез до средно. Па дома нека ги остават и нека го фатат автобусот, глеј насекаде поминува. Башка е комотен, климатизиран..  

 

Кузнае може па и дел ќе решат да пропешачат нагоре наместо да се мачат со автобус?

 Виктор Б.

25 октомври 2014 - 14:59