Разно

Ѓоковиќ - Иванишевиќ: Пријателство, кавги и успеси

Србин и Хрват заедно против сите. Врска со силни тонови и епохални несогласувања. Споени во пријателство цврсто како карпа кое доведе до 9 Гренд слем титули.

Како изгледал првиот скок на Петер Превц на 9 години?

Со 345 скока во кариерата, 24 победи и вкупно 62 подиуми, словенечката легенда изминатиов викенд го изведе последниот скок во кариерата и ја освои шестата позиција на Планица. Од неговиот прв скок во 2001-ва година како дете, постои снимка која ќе остане историска. Во неговиот прв обид кој успеал да скокне 12,5 метри, што било доволно за второто место. Во 2015-та го изведе неверојатниот скок од 250 метри, светски рекорд во тој момент кој две години подоцна му беше срушен.

Кога на испит не си сигурен па се думаш

Дваесет годишниот Шпанец Карлос Алкараз со право го нарекуваат легитимен наследник на Ѓоковиќ, Надал и Федерер. Игра Карлитос фуриозно и кога ќе тргне да ги меле противиниците, им нема спас. Синоќа со 2:0 лесно го совлада Гаел Монфис на Мастерсот во Мајами а сега во полуфинале го чека Бугаринот Димитров. После мечот Алкараз се мислеше на камерата дали треба да напише is или are на англиски јазик.

Се разделија Ѓоковиќ и Иванишевиќ

Најдобриот светски тенисер и неговиот долгогодишен тренер и пријател Горан Иванишевиќ со кого имаа фантастична соработка и освоија низа пехари на најголемите светски турнири, решиле да ја прекинат соработката.

Словенија е на нозе за последниот лет на легендата

Еден од најтрофејните словенечки спортисти викендов ќе стави крај на својата богата кариера. Патот кој го изоде му донесе дури 12 медали од најголемите натпреварувања и стана првиот човек на свет кој скокнал дури 250 рекордни метри.

300.000 кондоми за олимпијците во Париз

Како и за многу претходни, така и за претстојните Летни Олимписки Игри 2024 во Париз, организаторите решиле да спремат и поделат околу 300.000 презервативи за учесниците кои ќе бидат сместени во олимпиското село.

Теорија за машките кои не ги интересира спорт

Теоријата е на српскиот актер и водител, Милан Калиниќ.

Нови немили сцени во Мајами, после Казо за малку и Беретини во несвест

Во 1. коло од турнирот во Мајами на Флорида, Матео Беретини во финишот на вториот сет од мечот против Енди Мареј изгубил рамнотежа и за малку не се срушил на земјата поради неподносливите услови за игра, односно +35 степени Целзиусови. Пред неколку дена младиот француски тенисер Артур Казо се онесвестил од преголем напор на преголеми горештини.

Овековечени искачувања на врвовите и планините во Македонија

Бобан Китановски е истакнат планинар/фотограф, член на ПД Трансферзалец. Ова друштво веќе осма сезона ја тера акцијата „12 врва“ односно секој месец покрај останатите редовни клупски акции, се оди на еден не толку познат врв во земјава со што планинарите го запознаваат секое ќоше во убавата Македонија. Овие искачувањава низ годиниве ги овековечи Бобан Китановски низ својот објектив.

Поен кој го стана цел стадион на нозе

Во фантастичен дуел во полуфинале на Индијан Велс, Синер го доби првиот сет со 6-1 против Карлос Алкараз, но потоа Шпанецот ги доби следните два сета со 6:3 и 6:2 и славеше со 2-1. На овој меч имаше прекрасни потези а еден е сигурно најубав на турнирот а можеби и на сезоната.

Ѓоковиќ и Стеф Кари направија легендарна фотографија

Најдобриот светски тенисер го продолжи престојот во САД каде и покрај сензационалниот пораз од 20-годишниот Лука Нард на Индијан Велс, Србинот остана да ужива во разни настани.

Рој пчели го прекинаа мечот Алкараз - Зверев

Неверојатни сцени доаѓаат од Мастерсот во Индијан Велс каде на дербито на денот меѓу Карлос Алкараз и Александар Зверев судијата Мухамед Лајани мораше да го прекине накратко дуелот поради опасна инвазија на пчели кои го нападнаа теренот.

Супер фора на Индијан Велс - тенисерки и тенисери се маскираа во касиери, редари, обични работници

„Јас ви личам на Медведев? Сите ми викаат така. Можеби треба да се избричам“, му вели Данил Медведев на еден случаен минувач во комплексот каде се игра големиот Индијан Велс. Во улога на обични работници се уште и Марија Сакари, Јаник Синер, Андреј Рубљов и други кои ги збунуваат присутните...

Ѓоковиќ за моментите кога поради лактот сакал да заврши со тенис

Најдобриот светски тенисер во подолг разговор со Џефри Каценберг се присетил на периодот пред седум-осум години кога сериозно размислувал да крене раце од тенисот поради непријатни болки во лактот.

Скорот на Ѓоковиќ против Италијанците

Не е проблем вкупниот биланс на Новак против тенисерите од Италија. Ги победил 50 пати на вкупно 58 соочувања, проблем е што не му оди против нив во последниве 12 месеци.

Ѓоковиќ во расправија со судијата за ситуација која ретко се гледа во тенисот

Необичен поен му зема Нарди на Ѓоковиќ во вториот сет за кој Србинот се бунеше кај судијата. Лука мислеше дека Новак направил дупла сервис грешка, па во еден момент застана во сред игра, но му ја врати топката во поле. Потоа и Новак одигра, но и он застана и го загуби поенот.

Лука Нарди: Секоја вечер пред спиење гледам во Новак

16 години помладиот Италијанец, на Индијан Велс го совлада човекот од кој има постер во соба кој не планира да го тргне. Кој знае какво му е чувството после овој сензационален триумф. Сабајле го гледаш дома на постер, а потоа истиот ден го победуваш на само 20 години.

Кој е Лука Нарди - една од најголемите тениски сензации во историјата

Младите италијански тенисери очигледно не му лежат на Ѓоковиќ кој после три порази од Јаник Синер, сега го доживеа можеби и најтешкиот пораз во својата епска кариера. Новак изгуби од 20-годишниот Лука Нарди кој е, верувале или не 123. место на ранг листа.

Нина и Мила на ЕП во Италија за историја

По веста за извонредното трето место во светска конкуренција на наш сноуборд натпреварувач, уште еден мејл нè изненади викендов. Па ајде нека е оваа објава и на некој начин нешто осмомартовско од нас со задоцнување, како поддршка за жените во спортот.

Македонија на извонредното трето место на светскиот скијачки подиум

Понеделнички убава вест ни пристигна утрово во сандаче, за спорт помалку популаризиран и слабо медиумски застапен. Нека се множат и вакви успеси.

Епското патешествие на легендарниот Зоран Михајлов од Скопје до Хелсинки со фиќо и 30 литри ракија

За македонската коментаторска легенда може да се сними документарец во повеќе делови, а најдолгиот дел треба биде само за патувањето на Европското првенство во кошарка 1967-ма. Претворете се во уши.

Необичен подвиг на двајца Македонци кои се искачија на највисокиот вулкан во светот со велосипеди

Шестмина наши алпинисти до сега се имаат испентарено на Монт Еверест. Тоа е веќе познат успех, како и популарен спорт во светот. Овој пат имаме едно поинакво и некомерцијално искачување на двајца наши јунаци кои ја раскажуваат авантурата остварена во Јужна Америка.

Студенти во САД со воздишки за потегот на Новак

Еден од тренинзите пред стартот на Индијан Велс кој ќе се одржи во периодот 6-17 март, Ѓоковиќ го одржа на универзитет во САД. Се собра голема бројка на студенти кои имаа привилегија да го гледаат во живо и да се сликаат со него. Им приреди и една атракција.