Започнаа првите олимписки игри во Јужна Америка

По 26.000 километри пат, олимпискиот оган на Маракана е свечено запален и со тоа стартува 31. издание на Летните Олимписки игри на кои ќе продефилираат над 11.000 спортисти од 206 земји во светот.

Сите беа во очекување дека оганот ќе го запали Пеле, но сепак тоа го стори Вандерлеи Кордерио да Лима. Поранешниот најдобар тенисер во светот, Бразилецот Густаво Куертен го внесе оганот на Маракана, а потоа честа да го направи свечениот момент ја имаше да Лима.
 
Маратонецот во Атина 2004 беше водечки на трката на 35 км, но не успеа да го освои златниот медал поради ирски свештеник кој направи инцидент.
 
Церемонијата во Рио де Жанеиро почна со бразилски танц, музика и порака до светот за подобра иднина, а пред спортистите да се појават со своите делегации, прва на сцена се појави Жизел Бундшен во улогата на „Девојката од Ипанема“.
 
Македонското знаме го носеше пливачката Анастасиа Катерина Богдановска, а целиот наш тим на игрите го сочинуваат уште и Нина Балабан (спортско стрелаштво 10 м. воздушна пушка), Катерина Николоска (џудо – 63 кгр), Марко Блажевски (пливање 200 метри мешано), Ристе Пандев (атлетика 100 метри) и  Дрита Исљами (атлетика 400 метри со пречки).
 
На Олимписките игри ќе дебитираат Косово и Јужен Судан, како и тимот на бегалците, а Грција ќе има еден член помалку бидејќи допинг тестот се покажал позитивен.
Тимот на бегалците

 

6 август 2016 - 08:47