Волшебникот од Валбом

Футсалот станува сè повеќе популарен со ЕП на кое разлика прави еден човек. Има 30 години, се вика Рикардињо и доаѓа од Португалија. Притоа е најдобар играч на светот во овој спорт.

Кога го гледаш, помислуваш дека малиот фудбал е најпростата игра на светот. Рикардињо е еластичен и исклучителен техничар кој вечерва од 21:00 со Португалија ќе игра во четвртфиналето на Европското првенство против Шпанија (Евроспорт пренесува). Веќе направи неколку гламурозни потези, а вечерва очекуваме ништо помалку од тоа.

30-годишниот Португлец како Ибрахимовиќ, практично секоја година го освојува првенството на земјата во која настапува. Пет пати беше шампион на Португалија со Бенфика, два пати првак на Јапонија со Нагоја Оушнс и неколку пати во Шпанија со актуелниот негов клуб Интер Мовистар. Во 2011. година неколку месеци играше и за ЦСКА.

Рикардињо два пати ја освојуваше Златната топка во футсалот (2010 и 2014), но неговата вредност не се само многуте титули и трофеи.