Во отворен фудбал УНИКА подобра од Алкалоид

Првото коло од Бизнис лигата на Македонија со победи го заокружуваат УНИКА и Лукоил, а Македонски Телеком и Шпаркасе банка ги поделија бодовите.

Македонски Телеком и Шпаркасе банка ги поделија бодовите

Македонски Телеком 2-2 (1-0) Шпаркасе банка
Македонски Телеком: Влатко Манев 3’, Агрон Пацоли 33’
Шпаркасе банка: Стојанчо Јосифоски 23’, 39’

На самиот старт, екипата на Македонски Телеком ја изненади Шпаркасе банка постигнувајќи гол искористувајќи ја ненаместената одбрана на Шпаркасе банка. Но набргу потоа Шпаркасе банка ги консолидира своите редови и влезе во егал натпревар, не му дозволи на Македонски Телеком да се разигра, но не успеа да постигне погодок, па на полувремето се отиде со резултат од 1-0. На стартот од второто полувреме Шпаркасе банка на идентичен начин како Македонски Телеком, во раната фаза постигна гол со што го израмни резултатот. Во понатамошниот дел од натпреварот се играше рамноправно и на двете страни. Македонски Телеком постигна погодок преку Агрон Пацоли и дојде до водство од 2-1 за да на крајот во самиот финиш Шпаркасе банка израмни преку Стојанчо Јосифоски за конечни 2-2 на крајот од натпреварот.

Во отворен фудбал УНИКА подобра од Алкалоид

УНИКА 8-6 (3-4) Алкалоид
УНИКА: Љуљзим Каштањева 8’, 14’, Влатко Деспотовски 20’, 34’, Ибиш Мисини 21’, 32’, 39’, Елтон Трајко 27’
Алкалоид: Стефан Димовски 5’, 28’, Антонио Максимовски 10’, 17’, Оливер Христовски 18’, 21’

Во првото полувреме и двете екипи целосно го имаа ставено акцентот на нападот, па и оттука големиот број на голови и на двете страни. Се играше доста брз и отворен фудбал со многу шанси за гол. Екипата на Алкалоид искористи една шанса повеќе од УНИКА, па така замина на полувремето со гол предност. Во ист ритам се продолжи и во второто полувреме. И двете екипи играа доста офанзивно со многу упатени удари кон противничкиот гол. На 5 минути пред крајот подобра реализација имаше екипата на УНИКА која имаше резултатска предност од 7-6, која ја зголеми преку Ибиш Мисини за конечни 8-6.

Шампионот експресен во дуелот со ТРАНСМЕТ

ТРАНСМЕТ 2-10 (2-5) Лукоил
ТРАНСМЕТ: Бобан Велјановски 12’, Един Скендеровиќ 14’
Лукоил: Дејан Зиков 1’, 11’, 22’, Игор Дамјаноски 6’, 21’, Жарко Климкаров 8’, Марјан Цветковски 16’, Гоце Мојсоски 23’, Петар Костов 33’, Мартин Алаѓозовски 39’

Минатогодишниот шампион Лукоил имаше експресен старт во дуелот со ТРАНСМЕТ, одлично го отвори натпреварот постигнувајќи дури 5 гола во текот на првото полувреме. Кај ТРАНСМЕТ беше евидентна лошата поставеност во одбраната, па со ваквата поставеност му дозволија на Лукоил да ја игра својата препознатлива игра и отиде на полувремето со водство од 2-5. Во второто полувреме Лукоил заигра уште посконцентрирано во нападот, стекнувајќи предност од 6 гола кои се чинеа недостижни за ТРАНСМЕТ. Конечен резултат 2-10.

8 октомври 2015 - 17:54