Во израмнет натпревар Систина и ЈСП ги поделија бодовите

Екипите на Трансмет и Рамстор стигнаа до победи во третиот ден од 20. коло од Бизнис лигата, а Систина и ЈСП одиграа без победник.

Трансмет со одличен старт до победа над ЕВН
ЕВН 3-5(1-3) Трансмет
ЕВН:Бојан Симоновски 6’ Ајет Новобрдарија 23’ Илија Мандаров 32’
Трансмет: Бобан Велјановски 3’ Един Скендеровиќ 10’ 11’ Илче Георгиески 25’ Амер Скендеровиќ 30’

Екипата на Трансмет уште на самиот старт успеа да постигне гол преку Велјановски и дуелот со ЕВН да го отвори со предност која му овозможи да има самодоверба и порелаксирана игра во остатокот од полувремето. ЕВН не беше во посакуваниот ритам па не можеше да најде против игра во првото полувреме за Трансмет кој успеваше од минута во минута да го зголемува водството кое на крајот од полувремето изнесуваше 1-3. Во второто полувреме и двете екипи играа фудбал со кој буквално го пресликаа првото полувреме екипата на ЕВН се обиде да фати резултатски приклучок, но Трансмет не го дозволи тоа па го доби овој натпревар со 3-5.

Рамстор го искористи играчот плус за победа над Адмирал
Рамстор7-4(4-2) Адмирал
Рамстор:Ведат Арслан 5’ 12’ 26’ Михрем Мемед 8’ 13’ 32’ Зекирија Билали 34’
Адмирал: Горан Грковиќ 7’ 10’ Албрим Шакири 28’ Ненад Лазаревски 32’

Уште на самиот старт и двете екипи влегоа со пресинг игра и нешто поцврста одбрана по што немаше изгледни позиции за гол. Екипата на Рамстор успеа да реализира една од малкуте шанси кои и беа пружени и прва да постигне гол. Адмирал возврати на таа игра намалувајќи го водството кое веќе го оствари Рамстор но не можеше целосно да фати резултатски приклучок па полувремето го загуби со 4-2. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам. По исклучувањата и на двете страни и играта со играч плус екипата на Рамстор беше поприсебна и ги искористи шансите за да на крајот слави со 7-4.

Во израмнет натпревар Систина и ЈСП ги поделија бодовите
Систина 4-4(4-0) ЈСП
Систина: Ѓорѓи Иванов 3’ 7’ Горан Манов 15’ Далибор Дамјановиќ 20’
ЈСП:Марјан Србиновски27’Дејан Блажевски27’ Сабит Хусеини 33’ 35’
Екипата на Систина одигра перфектно прво полувреме во дуелот со ЈСП.

Во текот на целото прво полувреме екипата на Систина играше мошне мотивирано со одлично поставен напад на кој екипата на ЈСП не можеше да најде против игра мора да напоменеме дека заслужен за ваквата одлична игра беше нивниот тренер Амел Алмеровиќ кој им даваше одлична енергија од клупата. Систина полувремето го доби со резултат од 4-0. Во втортоо полувреме екипата на ЈСП успеа целосно да ги консолидира своите редови и за 10 минути игра да се врати на само еден негатива (4-3). Екипата на Систина по груб старт остана со играч помалце што беше додатна шанса за ЈСП која не успеа да ја искористи, но по само неколку минути кога и двете екипи беа комплетни на теренот екипата на ЈСП успеа да го израмни резултатот на 4-4. До крајот на натпреварот се водеше израмнета борба и на двете страни Систина имаше играч плус на 20 секунди од крајот на натпреварот но не успеа да постигне гол за победа па на крајот натпреварот заврши со изедначен резултат од 4-4.

27 април 2017 - 11:23