Во адреналинска завршница Лукоил ја совлада Фабрика Карпош

ЕВН со 7:1 ја декласираше Окта во 4. коло од Бизнис лигата на Македонија во кое победи издвојуваа и екипите на Лукоил и Уника.

Во адреналинска завршница Лукоил ја совлада Фабрика Карпош
Лукоил 5-4(2-2) Фабрика Карпош
Лукоил: Марјан Цветковски 2’ Владимир Секулоски 5’ Васко Стефанов 37’ Дејан Зиков 38’ Жарко Климкаров 39’
Фабрика Карпош: Александар Божиков 6’ 32’ Георги Божиков 10’ Игор Николовски 36’

Дуелот помеѓу Лукоил и Фабрика Карпош започна во знакот на Лукоил кој имаше одличен влез на натпреварот и преку истурениот голман во нападот Марјан Цветков постигна гол во втората минута што му даде ветер во грб на Лукоил за по само три минути преку Владимир Секулоски го зголеми водството на 2-0. Фабрика Карпош покажа карактер на тим кој не се предава лесно брзо се созеде и по само една минута успеа да намали на 2-1 преку Александар Божиков. Во понатамошниот дел од полувремето Фабрика Карпош искористи контра напад и преку Георги Божиков успеа да го израмни резултатот на 2-2 на полувремето. Во второто полувреме на самиот почеток се влезе во егал натпревар и двете екипи играа помалце дефанзивно обрнувјќи повеќе внимание на играта во одбраната во ваквата игра по груб старт екипата на Лукоил остана со играч помалце, шанса која Фабрика Карпош ја претвори во гол преку Александар Божиков, но Лукоил не се предаваше лесно па по одлично изработен напад успеа да реализира преку Васко Стефанов и да го изедначи резулатот на 3-3. Во самиот финиш на натпреварот бевме сведоци на вистинска драма во која и двете екипи наизменично го менуваат водството но на крајот среќата беше на страната на Лукоил кој преку Жарко Климкаров го постигна петиот гол за победа во овој дуел од 5-4.

Во драматичен натпревар Уника подобра од ЕЛЕМ
УНИКА 3-2(1-1) ЕЛЕМ
УНИКА: Ибиш Мисини 14’ Александар Петрушевски 27’ 29’
ЕЛЕМ: Синиша Ковачевиќ 7’ 27’

Крајно израмнето прво полувреме можевме да проследиме во дуелот помѓу УНИКА и ЕЛЕМ. На двете страни воочлива беше иста поставеност во нападот играјќи смирено со голман играч. И двете екипи ја чекаа грешката во нападот на противникот како би можеле преку контра напад да дојдат до изгледна шанса за гол и на двете страни по еднаш им успеа оваа тактика и тоа кај екипата на УНИКА преку Ибиш Мисини, а кај екипата на ЕЛЕМ преку Синиша Ковачевиќ за резултат од 1-1 на полувремето. Уника на стартот од второто полувреме по грешка во додавањето постигна авто-гол со што ЕЛЕМ стигна до водство од 1-2 што беше сигнал да се разбудат пред се во делот на нападот каде што преку одлично реализирани напади успеаа преку Александар Петрушевски да израмнат и поведат со 3-2, на самиот финиш екипата на ЕЛЕМ поради груб старт остана со играч помалце но Уника не успеа да го искористи тоа па резултатот остана непроменет се до самиот финиш на натпреварот.

ЕВН со индивидуална игра до победа над ОКТА
ОКТА 1-7(0-2) ЕВН
Окта: Драганчо Ѓеорѓиевски 31’
ЕВН: Томи Илиевски 1’ 22’ 24’ 30’ Вилијам Митев 16’ Бојан Симоновски 27’ Бојан Маџовски 34’

Натпреваот ОКТА-ЕВН го отвори Томи Илиевски уште во првата минута носејќи му водство на ЕВН од 0-1, екипата на ОКТА со брзи проигрувања во отворен фудбал се обидуваше да фати ритам како би можела да го изненади ЕВН кој не отстапуваше од својата добро препознатлива игра која вроди со плод и на крајот го доби ова полувреме со 0-2, стрелец на вториот гол беше Вилијам Митев во 16-та минута. Во второто полувреме екипата на ОКТА се обиде со голман-играч да фати резултатски приклучок, ЕВН пак одговори на тоа со цврста одбрана со предно поле со што успеа целосно да го скрши отпорот на ОКТА остварувајќи високо водство, а на крајот и победа од 1-7.

27 октомври 2016 - 09:14