Трета победа на Хамилтон во серија

Хет-трик на Луис Хамилтон за уште една победа на Мерцедес. Хамилтон и Розберг завршија на првите две позиции и на трката во Кина.

Луис Хамилтон и Нико Розберг се сериозна закана за неизвесноста во Формула 1 шампионатот. Возачите на Мерцедес остварија четврта победа по исто толку извозени трки во новата сезона.

На патеката во Шангај уште од самиот старт на лидерската позиција се издвои Луис Хамилтон и таму остана до крајот кога победи со време 1:35:09.651. По 19 секунди низ целта мина и неговиот тимски колега Нико Розберг, а на третата позиција заврши Фернандо Алонсо од Ферари.

Зад возачите кои се искачија на пиедесталот завршија Рикардо, Фетел и Хулкенберг.

Следна на програмата е трката во Шпанија која ќе се вози на 11 мај.

20 април 2014 - 10:59