Тим на колото во Бизнис лигата

Третото коло на Бизнис Лигата на Македонија преовладуваше со фер плеј натпревари во кои можевме да видиме доста атрактивни потези кои ја воодушевуваа публиката.

Најдобар поединец во третото коло беше Дарко Стојановски кај екипата на Sparkasse кој постигна 4 погодоци на мечот против Систина кои банкарите го добија со 8:5.

Со хет-трик се издвоија четворица фудбалери. Тоа се Оливер Христовски (Алкалоид), Љуљзим Каштањева (UNIQA), Дарко Стојановски (Гранит) и Јовче Ангелов (МЕПСО) како најдобар петти играч на колото.

За голман на третото коло е прогласен Александар Секуловски од Sparkasse, додека најдобар тренер е Никола Алексов од Алкалоид.

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа: Ивица Вељановски (Македонски Телеком) и Амел Скендеровиќ (TRANSMET).

Екипа на третото коло е екипата на Sparkasse.

25 октомври 2014 - 12:23