Стартува Премиер Менаџер

Што е Премиер Менаџер? Ако некогаш сте играле Fantasy Football – тогаш сигурно Ви е јасно. Концептот е едноставен: ти си менаџер!

Веќе години наназад, Fantasy Football игрите се едни од омилените на фудбалскитефанатици во Македонија. Со Премиер Менаџер, создаваме наша, домашна Fantasy Football интерактивна игра, каде сите момци и девојки од Македонија ќе можат да покажат колку го познаваат фудбалот. Принципот е едноставен: создавате сопствен тим од фудбалерите од Премиер лигата, а добивате поени во зависнот од учинокот на фудбалерите кои сте ги одбрале на натпреварите во Премиер лигата. Следуваат поени за секој постигнат гол, асистенција, одбрана и натпревар без примен гол, но и негативни поени за секој жолт и црвен картон, промашен пенал и т.н. Премиер Менаџер е исклучиво за натпреварувачите од Македонија, а организаторот ќе го стимулира Вашето учество со вредни награди - на крајот на секој месец и на крајот на сезоната! Биди најдобар менаџер во Македонија!
 
РЕГИСТРАЦИЈА
 
Со посета на веб сајтот www.fudbal.net.mk добивате можност да се регистрирате за Премиер Менаџер со ваше целосно име, презиме, e-mail адреса и телефон за контакт.
 

ЗАЧЛЕНУВАЊЕ

 
Годишната членарина за играње Премиер Менаџер изнесува 299,00 денари. Плаќањето можете да го извршите online преку нашиот безбеден систем на плаќање. По извршената уплата, добивате можност да го создадете Вашиот тим и да бидете во игра за вредните награди.
 
КРЕИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ТИМ
 
Со виртуелен буџет од 100 милиони фунти, одберете го Вашиот тим од 15 фудбалери од Премиер лигата. Секој од фудбалерите има фиксна вредност. Имате право да му дадете уникатно име на Вашиот тим. Тимот мора да биде составен од 2 голмани, 5 фудбалери од одбрана, 5 фудбалери од среден ред и 3 фудбалери од нападот. Тимот не смее да има повеќе од 3 (три) фудбалери од една иста екипа од Премиер лигата.
 

 
МЕНАЏИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ТИМ
 
Вие сте менаџер на Вашиот тим – пред секое коло, можете да ги одберете стартните 11 фудбалери за колото што следува. Дозволени се сите формации со 1 голман, од 3 до 5 фудбалери од одбрана, од 2 до 5 фудбалери од среден ред и од 1 до 3 фудбалери од нападот. Едно коло во англиската Премиер лига е едно коло во Премиер Менаџер. По завршување на секое коло, Вашиот тим добива поени според учинокот на стартните 11 фудбалери кои сте ги одбрале. одберете го Вашиот капитен за колото кое следува – поените на капитенот се смеетат двојно (се множат со 2). Секое коло можете да одберете различен капитен, во зависност од тоа за кој фудбалер сметате дека ќе има најдобар учинок.
 
ЗАМЕНИ И ТРАНСФЕРИ
 
Во периодот меѓу две кола, можете да правите неограничен број на замени во Вашиот тим, како и да го менувате капитенот, се додека не дојдете до формацијата и составот кој сметате дека ќе Ви донесат најголем број на поени. Во периодот меѓу две кола, можете да направите и 1 (еден) трансфер на фудбалер т.е. еден од фудбалерите кои веќе сте ги одбрале да го замените со друг фудбалер од Премиер лигата. За трансферите важат истите правила кои важат и при креирање на тимот – вкупната вредност на сите фудбалери не смее да надминува 100 милиони фунти и не смеете да имате повеќе од 3 фудбалери од една иста екипа од Премиер лигата.
28 септември 2016 - 16:09